Македонски вински Угостител

За “Македонски вински угостител”

Македонски вински угостител – МВУ е проект замислен од Wine Way и инспириран од искрената желба на винариите, угостителите и подржувачите, заеднички да направат напор за подигнување на винската култура во Македонија. 

МВУ е креиран благодарение на шест македонски винарии и E4E –  Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk) поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка. Предвидено е низ програмата на МВУ да минат 180 кандидати, спонзорирани од винариите Стоби, Сопот, Камник, Венец, Езимит и Картал, и номинирани од угоститиелските објекти во кои работат.

Програмата е креирана и водена од Петар Величковиќ – сертифициран WSET едукатор и CMS сомелиер.

Курсот вклучува:

  • учебник 
  • 6 дневна програма , вкупно 24 часа 
  • едукативна дегустација на над 50 македонски вина
  • посета на македонска винарија 
  • пасош со преглед на совладаните вински модули
  • сертификат за успешните кандидати

Испит:

Испитот ќе се одржи на последниот ден од курсот. Составен е од 30 прашања со избор на точен одговор. За успешно совладувње, потребно е точно да се одговори на 60% од прашањата.

Теми:

  • Што е вино?
  • Одгледување на грозје
  • Производство на вино
  • Типови и стилови на вино
  • Читање на етикета
  • Дегустација на вино
  • Комбинирање на храна со вино
  • Вински сорти
  • Угостителство, продажба, чување и сервис на вино
  • Винарии
  • Прогресивна винска карта
ГРАД и ЛОКАЦИЈА ДАТУМ и ВРЕМЕ
Скопје,
Marriott Hotel

24, 31 јануари, 7, 14, 21 и 28 фебруари 2021  – 10 до 14 часот

25-ти јануари, 1, 8, 15, 22 фебруари и 1 март 2021  – 10 до 14 часот                               

Охрид и Струга, 
Cuba Libre
15, 16, 17 март и

22, 23, 24ти март 2021 – 9 до 13 часот
Велес *
Кавадарци и Неготино *
Делчево *
Куманово *
Битола *
Прилеп *
Штип *
Тетово *

* наскоро ќе имаме потврдени информации

По успешно реализираната обука на 48 кандидати од Скопје, Македонски вински угостител, во март е во Охрид и Струга. 

Благодарност до Cuba Libre кој со дури 19 свои кандидати ја подржа оваа обука.