Со повеќегодишно искуство во светот на сомелиерството и угостителството, потполно ги разбираме предизвиците со кои се соочуваат угостителските и винските бизниси – да понудат квалитетен производ и, истовремено, да останат во рамките на предвидениот буџет. Ние можеме да ѝ помогнеме на Вашата компанија со сомелиерски услуги креирани токму за Вашите потреби:
- Креирање на прогресивна винска карта
- Креирање на барско мени
- Mенаџирање на вински и барски програм
- Обука на вработени за винската и барската понуда, продажба низ угостителство
- Сомелиерски програм за Вашиот менаџер
- Организрање на дегустации/настани со вино, коктели, жесток алкохол и/или пиво во Вашиот локал
- Посредување за наоѓање на вработени
- Наоѓање на пијалоци кои сè уште не се достапни на нашиот пазар
- Kреирање на мени за храна која ќе го комплементира Вашиот вински и барски програм
- Дигитален маркетинг за Вашиот вински и барски програм
- Изработка на веб-страни за вашиот бизнис – информативна или со online продавница