fbpx

Нашата мисија е да им помогнеме на луѓето да го разберат виното, да влезат во светот на виното, или едноставно, да ја следат својата винска страст.

Нашата визија е да бидеме најдобрата школа за вино во светот.

Вашиот иден успех е наше ЗОШТО!

Настани кои следат

WSET

Early Sign Up Offer – 

-10% for Enrollment Before October 1st!

WSET Level 1 Award in Wines

Почетно ниво и запознавање со виното - погодно за сите оние кои тукушто ја започнуваат својата винска кариера, или пак едноставно ја задоволуваат својата љубопитност за оваа тема.
Креирано за вински почетници, оваа квалификација нуди разработен пристап на запознавањето на виното. Заедно ќе ги истражиме главните видови и стилови на вино, техниките на проценка преку изглед, мирис и вкус, како и тајните зад комбинирањето на храната со вино. Успешните студенти ќе се здобијат со WSET сертификат и обележје...како и право да се пофалат дека се вински познавачи.

WSET Level 2 Award in Wines and Spirits

Средно напредно ниво на квалификации од областа на виното и алкохолот - креирано за оние кои веќе работат во винската и угостителската индустрија и сакаат да напредуваат во својата кариера, но и за винољупците кои сакаат подлабоко да ја истражат оваа тема. Оваа квалификација прави преглед на главните сорти на вино и на регионите во кои тие се одгледуваат. Ќе имате можност да научите за стиловите на вино, за главните класификации и терминологијата која се користи за нивно опишување. Преглед на главните категории на алкохол и жестоки пијалоци, е исто така дел од овој курс. Успешните студенти ќе добијат WSET сертификат, обележје и дозвола да го користат логото како доказ дека се сертифицирани од страна на WSET.

Дегустации

Ако некогаш сте се прашале како скромниот грозд се претвара во “уметност која се пие” - нашите дегустации се створени токму за Вас.

Почастете се себе, пријател или деловен партнер со нешто поинакво. На дегустациите, нашиот едукатор Петар, ќе Ве води низ вината кои ќе бидат тема на вечерта. Помеѓу голтките вино, ќе слушнете и за нивните стилови, карактеристики, нивната приказна... 
Едно можеме да Ви ветиме— на крајот на вечерта, ќе бидете изненадени дека сте научиле да им верувате на своите дегустаторски вештини и притоа - одлично сте се забавувале!

*Белешка: Сите 4 формати на дегустации кои ги нудиме, можат да бидат организирани во нашиот тренинг центар или во ресторан со кој соработуваме; но исто така, можеме, во договор со Вас, да ги организираме во место по Ваш избор (Вашиот дом, Вашата компанија, ресторан...)

Вовед во дегустирањето

Одличен избор за винските почетници. Ќе ги научиме основите на винската дегустација и ќе Ви помогнеме да го најдете дегустаторот во себе. 

Предзнаење не е потребно. Ви треба само ентузијазам!

  • Цена: започнува од 450/600 мкд по учесник
  • Вид на дегустација: забавна и едукативна 
  • Ниво на предзнаење: почетник

Зборувате ли "вински"?

Ќе ги откриеме "тајните" значења на термините кои ги користат винските професионалци... Ќе се погрижиме да го познавате и цените виното во Вашата чаша. И, попатно - да се забавувате!  

Предзнаење не е потребно. Ви треба само ентузијазам!

  • Цена: започнува од 450/600 мкд по учесник
  • Вид на дегустација: забавна и едукативна 
  • Ниво на предзнаење: почетник

Винска тура низ Европа 

Придружете ни се на винска тура околу Европа. Дегустирајте 6 европски вина, и дознајте, од сопствено искуство, зошто Франција, Италија, Германија, Шпанија и Португалија се најпознатите вински региони во светот.

Предзнаење не е потребно. Ви треба само ентузијазам!

  • Цена: започнува од 600 мкд по учесник
  • Вид на дегустација: забавна и едукативна 
  • Ниво на предзнаење: почетник

Вино & Храна

Храната го прави виното повкусно. Откријте како.

Ви подготвивме три јадења (плус десерт!) и ги комбиниравме со вино кое ќе го потенцира најдоброто од нив. Заедно, ќе Ви раскажат многу вкусна приказна.

Предзнаење не е потребно. Само ентузијазам и...апетит!

  • Цена: започнува од 600 мкд по учесник (+храна)
  • Вид на дегустација: забавна и едукативна 
  • Ниво на предзнаење: почетник

Консалтинг

Креирање и развој на

Вински програм

Посветен менаџер, или сопственик на ресторан, добро знае дека креирањето на Вински програм не е едноставна задача. Успехот зависи од години искуство во комбинирањето на храната со виното, изборот на вистинското вино кое ќе одговара со поводот поради кој гостите Ве посетиле... 

Дозволете за Вас да креираме Вински програм кој ќе Ви помогне во остварувањето на главната цел на секој бизнис:
1. Ќе го зголеми просекот на прометот кој го прави просечниот гостин/купувач,
2. Вински програм кој ќе привлече нови клиенти, и...
3. Ќе го претвори случајниот намерник во драг гостин кој ќе го избере Вашиот локал и следниот пат.

Вински тренинг

и едукација

Тренингот и едукацијата на вработените е столбот на кој се темели секој успешен угостителски програм! Вашиот тим на сервери е лицето на Вашиот бизнис и тие се оние кои ја имаат моќта да го претворат случајниот гостин во верен клиент.

Вработени кои се едуцирани и мотивирани - знаат да ги препознаат потребите на клиентите. Клиентите чии потреби се задоволени, Ви се враќаат и со задоволство ќе Ве препорачаат, што се преведува во — подобра заработка и одлична репутација!

Работа во винската индустрија

Дали сте заинтересирани за кариера во винската индустрија? Актуелноста, новите работни места и подемот кој во последните години го забележува оваа индустрија, се должи на страсните и талентирани луѓе кој се почесто го избираат виното како своја кариера. Ако сте еден/една од нив - ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме да ја најдете својата совршена работа.

Винската индустрија е динамична и нуди бројни можности за градење на богата и возбудлива кариера.

На страната на WSET Career paths ќе најдете преглед на некои од кариерите кои ќе Ви ги овозможи винската едукација.

Контактирајте нé!

Close Menu
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian