fbpx

За Wine Way

Вие сте вински ентузијаст, и сакате и официјална потврда на Вашето знаење. Или, можеби, размислувате својата винска страст да ја претворите во кариера.

Вие тукушто започнувате со Вашата кариера, или пак, конечно е време да напредувате на нова позиција. WSET е глобално признаена квалификација која ќе го засили Вашето CV.

Вие сте вински професионалец (или пак, сопственик на локал) кој ги препознава предностите на винската едукација, и - едноставниот факт - дека ова влијае на Вашата заработка.

Нашата визија е да им понудиме на нашите студенти и клиенти поддршка во остварување на нивните цели. Наша крајна цел е да ја разбудиме Вашата винска страст и да Ви помогнеме со самодоверба и знаење да уживате во богатството што винскиот свет го нуди.
Ние го мериме својот успех според успехот на нашиот последен курс, задоволството од последениот настан кој сме го организирале, резултатот од последната консултација. Затоа работиме со љубов. Вашиот иден успех е наша причина!
Нашата мисија е да Ви понудиме Вам, на нашите студенти и клиенти - тренинг, едукација, советување, алатки, ресурси и поглед во светот на виното и угостителството кој ќе Ви отвори нови можности. И секако — применливи стратегии во реализација на Вашите професионални цели.
Вашиот успех - нам ни е многу важен и е еден од главните мотивации зад идејата да го донесеме WSET во Македонија. Оваа глобална квалификација нам ни ги отвори вратите кон интернационални кариери, и среќни сме што можеме на нашите студенти да им го овозможиме истото.

Нашиот тим

Кога сите се движат заедно напред, успехот доаѓа сам. - Хенри Форд

Петар Величковиќ

ОСНОВАЧ
& WSET ЕДУКАТОР

Моето име е Петар. Сета своја кариера ја минав работејќи за интернационални угостителски бизниси, луксузни круз-компании и ресторани кои припаѓаат на шефови носители на престижната Мишелин звезда за кулинарство.

Секој вистински љубител на вино ќе потврди - во животот има еден одреден момент кога знаете дека виното ќе биде Ваша страст. Во мојот случај, тоа беше книгата "Wine Wise", подарок од еден од моите гости. Оваа книга го разбуди во мене интересот за виното и го промени правецот на мојата кариера.

Наскоро дознав дека, за секој оној кој работи со вино, или пак планира кариера во оваа индустрија - WSET квалификациите се сметаат за "возачка дозвола" во светот на виното.

Во 2012 година (во Гент, Белгија) со WSET Level 2, го започнав своето винско образование. Ова ми помогна да ја добијам својата прва позиција на сомелиер на Celebrity Cruises. Квалификацијата WSET Level 3 која ја добив две години подоцна (Милано, Италија), ми помогна да ги усовршам своите вештини на дегустатор, и во улога на главен сомелиер и асистент ресторан менаџер - да му се приружам на интернационалниот тим кој го водеше отварањето на ресторанот CUT на Wolfgang Puck, дел од луксузниот хотелски синџир Four Seasons во Манама, Бахреин. Искуството кое го стекнав таму, го сметам за еден од главните моменти во развојот на мојата професионална кариера.

Со цел да ја надополнам својата винска едукација со практичниот дел на сомелиерската професија, во 2016, (во Атина, Грција) го положив испитот CMS (Court of Master Sommeliers) и се здобив со титулата сертифициран сомелиер. Моментално го подготвувам последниот испит од моите WSET Diploma студии, и продолжувам да го следам својот сон - да станам првиот Master of Wine од Македонија и Србија.

После повеќе од деценија мината во здобивање на интернационално искуство како главен сомелиер, ресторан менаџер, лидер на вински програм и вински бренд менаџер - одлучив дека мојот следен предизвик ќе биде во тоа да им помогнам на другите да увидат колку светот на виното е разновиден, богат...и дека нуди бројни можности за одлична кариера.

Така се роди Wine Way. Придружете ни се во оваа авантура!

Ана Величковиќ

КООРДИНАТОР НА ОПЕРАЦИИ
& WSET EXAMINATION OFFICER

Јас сум Ана, вљубеник во литературата кој, во виното, пронајде уште една своја голема страст.

Со својата (не многу корисна) диплома за светска книжевност, поголемиот дел од својот професионален живот го поминав работејќи како новинар, а подоцна и како специјалист за човечки ресурси. Неочекувано, и за среќа, се најдов себеси на нов пат полн предизвици - кариера во светот на виното.

По многу години учење за виното "преку осмоза" - слушајќи го Петар како ги подготвува своите WSET и CMS испити, одлучив дека ако сакам да се посветам на својата винска кариера, ќе ми биде потребна глобално призната и почитувана квалификација. Во 2018, во Милано, Италија, го положив WSET Level 2 in Wines and Spirits. Ова ми овозможи да го комбинирам своето предходно работно искуство со винската професија. Сега сум среќна во својата улога на координатор на административните и маркетинг операции на Wine Way, и WSET Examination Officer. Повелете со нас во оваа винска авантура!

Close Menu
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian