fbpx

Kако WSET едукатор, CMS (Court of Master Sommelier) сертифициран сомелиер, со повеќе од десетгодишно интернационално искуство, со самодоверба можам да кажам - научив по нешто за тоа како, зад сцената, функционираат успешните ресторани и хотели. И што е најважно - верувам дека сите овие "тајни" на угостителската индустрија - лесно можат да се пренесат на нашиот пазар. Сé се сведува на посветеност на работата и во наоѓањето на одговорот на едно едноставно прашање—ЗОШТО?

Зошто да нé контактирате? Сакате да го зголемите својот профит преку зголемување на продажбата на вино и алкохол, зарем не?

Тоа е одговорот на Вашето—ЗОШТО.

Не постои хотел, ресторан или локал, на кој не би можеле да му помогнеме да го подигне нивото на својата услуга, а со тоа и својот профит. Мојот тим и јас ќе изработиме винска програма според Вашите потреби, ќе ја имплементираме и ќе организираме тренинг и едукација на Вашите вработени. Сево ова може да се достигне преку:

1. Креирање и развој на вински програм

2. Тренинг и едукација на вработените

3. Работа во винската индустрија

Креирање и развој на вински програм

Зошто да инвестирате во винскиот програм за Вашиот ресторан или продавница? Наједноставниот одговор би бил — затоа што тоа ќе резултира со значителен пораст на вашиот профит.  
Како?
Професионално креираниот вински програм ќе:
1. Ќе го зголеми просекот на прометот кој го прави просечниот гостин/купувач;
2. Ќе привлече нови клиенти, љубители на вино, и…
3. Ќе помогне да се постигне главната цел на секој бизнис — да го претвори случајниот намерник во драг гостин кој ќе го избере Вашиот локал и следниот пат.

Зголемување на продажбата на вино е една работа, а генерирањето на дополнителен профит од таа продажба е нешто сосем друго. Само колку за споредба, додавање на само 2% или 5% профит преку винската програма, може да резултира со конечен профит од дополнителни 20% до 30%!

Што добивате кога креираме винска програма според Вашите конкретни и реални потреби:
1. Пораст на профит и заработка преку: креирање буџет, контрола на инвентар и цена.
2. Селекција на вина базирана врз: познавање на пазарот, следење на трендовите, балансирање на цената со обемот и ефикасноста на Вашето винско портфолио.
3. Задоволни клиенти - благодарение на разбирањето и реализирањето на нивните потреби.
4. Одржување на винската програма базирана на: Вашите потреби!

Тренинг и едукација на вработените

Зошто да ги едуцирате своите вработени? Повторно, се наметнува истиот едноставен одговор — затоа што винската едукација и тренинг, директно и значително влијаат на вкупниот профит на Вашиот бизнис!

Според студија направена од еден од најголемите глобални авторитети на полето на виното и алкохолот — Wine and Spirits Education Trust, во рок од 3 месеци, инвестиција во тренинг на вработените од $300 резултира со пораст на продажбата од дополнителни $4200! Винскиот тренинг не треба да биде гледан како трошок, туку како ефикасен начин да се подобри крајниот профит.
Како винскиот тренинг ќе влијае на Вашиот бизнис?
1. Според моето искуство, винската едукација го подобрува перформансот на вработените за 22%, додека активниот тренинг ја доведува таа бројка до дури 88%!
2. Задржете ги своите вработени со тоа што ќе им овозможите професионално да се развиваат. Барањето на нов, најчесто неискусен кадар, и тоа на секои 5-6 месеци, е честа и скапа реалност во угостителската дејност. Тренингот и едукацијата не само што ја усовршуваат вештината на Вашите вработени, туку истовремено—ги задоволуваат нивните потреби за професионален развој. Во истата студија спроведена од WSET, 61% од вработените изјавиле дека би останале на своето работно место во наредните 5 години, токму поради едукацијата и тренингот кои им овозможуваат да напредуваат во кариерата.
Што добивате?
Верни клиенти!
Вработени кои се едуцирани и мотивирани - знаат да ги препознаат потребите на клиентите. Клиентите чии потреби се задоволени, Ви се враќаат и со задоволство ќе Ве препорачаат, што се преведува во — подобра заработка и одлична репутација!

Затоа, ако не Ве интересира успехот на Вашиот бизнис, и не сакате подобро да заработувате - воопшто не е наша работа. Но, ако Ви звучи примамливо нашата понуда - го очекуваме Вашиот повик.

Работа во винската индустрија

Дали сте заинтересирани за кариера во винската индустрија? Актуелноста, новите работни места и подемот кој во последните години го забележува оваа индустрија, се должи на страсните и талентирани луѓе кој се почесто го избираат виното како своја кариера. Ако сте еден/една од нив - ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме да ја најдете својата совршена работа.

Винската индустрија е динамична и нуди бројни можности за градење на богата и возбудлива кариера.

На страната на WSET Career paths ќе најдете преглед на некои од кариерите кои ќе Ви ги овозможи винската едукација.

 

Close Menu
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian