fbpx
Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

WSET Level 2 in Wines & Spirits

ноември 5 @ 8:00 am - 5:00 pm

31500mkd

Early Sign Up Offer – 

-10% for Enrollment Before October 1st!

 

Термин

OPTION #1 – Три последователни дена

 

Dates: 5th, 6th & 7th November 2019

Time: 9am –5pm

OPTION #2 – Two consecutive weekends

 

Dates: 2nd, 3th, 9th & 10th November 2019

Time: please contact us for a detailed schedule

За курсот

Курсот е поветен на запознавање со класичните вински сорти и региони. Ќе научите кои техники се користат при производство на вино, кои се клучните термини што се користат на винските етикети и кои се главните класификации. По завршувањето на курсот, ќе можете со самодоверба да го идентификувате виното, да дискутирате за неговите карактеристики и потекло, па и да направите вински препораки. Овој курс прави и преглед на главните категории на жесток алкохол.

Успешните студенти ќе добијат глобално признат и почитуван WSET сертификат, како и нивно официјално обележје - значка за ревер.

What’s covered

  • Како се прави вино
  • Кои фактори влијаат на стилот на виното
  • Класични бели и црни вински сорти и нивнте карактеристики
  • Главни вински региони во светот
  • Производство на пенливо, слатко и зајакнато вино
  • Термини кои се користат на винските етикети и нивно значење
  • Едукативна дегустација на 48 вина
  • Опис на виното со користење на систематски пристап - WSET Level 2 Systematic Approach to Tasting Wine® (SAT)
  • Комбинирање на храна и вино
  • Главни категории на жесток алкохол и како тие се произведуваат

Дали е потребно предходно знаење?

Часовите се одржуваат на англиски јазик. За успешно следење на курсот, ќе Ви биде потребно добро да го владеете овој јазик.

На студентите на кои темата вино им е целосно непозната, им препорачуваме предходно да го завршат курсот Level 1 Award in Wines. Истакнуваме дека ова не е предуслов за да го следите WSET Level 2 Award in Wines & Spirits.

Со цел успешно да го следите курсот, од Вас ќе се очекува да го прочитате учебникот пред почетокот на предавањата. (За да Ви биде доставен материјалот на време, Ви препорачуваме да се пријавите најмалку 21 ден пред почетокот на курсот.)

Времетраење на курсот

Option #1 – Three consecutive days

Option #2 – Two consecutive weekends

Колку чини курсот?

31 500 mkd (MK students)                 33 000 mkd (EU students)

За повеќе информации за начинот на плаќање, Ве молиме, прочитајте ги условите и правилата. Цената го вклучува трошокот за материјалите за учење, примероците вино и алкохол кои се дегустираат, цената на курсот и испитот, како и трошоците за достава.

Цената ја вкучува поштарината која се пресметува врз основа на адресата на која се испраќаат материјалите за учење.

Потребно време за учење / детали за испитот

За успешно завршување на курсот, потребно е да одвоите најмалку 28 часа за учење. 16 од тие часа ќе бидат во училница, под водство на вашиот едукатор.

Испитот се одржува на крајот на курсот. Се состои од 50 прашања со понудени повеќе можни одговори. Времетраењето на испитот е 60 минути. За да положите, потребно е точно да одговорите на 55% од прашањата.

Како да се пријавам?

Побарајте го формуларот за пријавување на нашата контакт е-маил адреса: ana@wineway.org

Пред да ја поднесете својата пријава, Ве молиме, внимателно прочитајте ги Условите и правилата за WSET курсевите (линкот е во продолжение).

За било какви прашања, обратете се на: ana@wineway.org

Details

Date:
ноември 5
Time:
8:00 am - 5:00 pm
Cost:
31500mkd
Event Category:
Website:
https://wineway.org/wset-level-2-award-in-wines-and-spirits/

Organizer

Wine Way
Phone:
+389 70 69 17 31
Email:
ana@wineway.org
Website:
wineway.org

Venue

Wine Way
Антон Попов 8
Skopje, 1000 Macedonia
+ Google Map
Phone:
+389 70 69 17 31
Website:
wineway.org
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian