fbpx

Вовед во дегустирањето

Не постои вистински или погрешен начин да се ужива во виното. Или Ви се допаѓа - или не. Едноставно е. Она што оваа дегустација ќе Ве научи, е како систематски да му пристапите на виното, како да добиете добра претстава за тоа што имате во својата чаша, уште пред да ја испиете својата прва голтка.

Разбираме дека дегустирањето може да изгледа комплицирано. Затоа, го поедноставивме за Вас. Наша цел е дегустацијата да ја завршите чуствувајќи се сигурни во своите сетила.

  • Што добивате? Ќе пробате 4/6 вина и ќе научете како да дегустирате како сомелиер. Секој чекор од дегустацијата ќе биде воден од Вашиот домаќин - Петар Величковиќ, сертифициран сомелиер и WSET едукатор.
  • Цена: започнува од 450/600 мкд по учесник. (*белешка: Цената е формирана за група од најмалку 12 учесника. Ве молиме, контактирајте не за повеќе информации.)

Пример на винска листа:

  • За добредојде: Prosecco
  • Германски Riesling
  • Француски Pinot Noir
  • Шпански Tempranillo
  • Португалски Touriga Nacional
  • Шпански Monastrell

Правила за резервации:

Резервацијата и уплатата треба да бидат направени истовремено. Додека не се изврши уплата, не можеме да го гарантираме вашето место.

Откажување на резервација:

  • Ако ја откажете резервацијата најдоцна една недела пред дегустацијата, ќе ви биде вратена уплатата, минус 10%.
  • Ако го откажете присуството во текот на неделата пред дегустацијата, уплатата нема да Ви биде рефундирана.
Close Menu
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian