fbpx
logo so app

Wine Way е овластен претставник и едукатор на WSET (Wine and Spirit Education Trust) курсевите и квалификациите во Македонија.

WSET е едукационо и квалификационо тело чија мисија е да ги снабди винските професионалци и ентузијасти со практично и применливо знаење и тренинг. 

Како нивен Approved Program Provider (APP) - овластен претставник и едукатор, Wine Way нуди квалификации за вино и алкохол.

WSET квалификациите се глобално познати како интернационален стандард за винско знаење. Креирани се за оние кои тукушто ја започнуваат својата кариера, за вистинските вински професионалци, но и за големиот број ентузијасти кои имаат желба и страст да ја совладаат оваа тема.

Со мрежа од над 700 овластени едукатори (APPs), WSET курсевите се присутни во повеќе од 70 земји и достапни на 17 јазици. Благодарение на сево ова, веќе 50 години WSET e универзално препознат како основа на професионалната винска едукација. 

Комбинацијата на високи стандарди и практичен, забавен пристап на темата, секоја година привлекува се поголем број на студенти. Wine Way Ви ги нуди:

WSET за бизниси

Секоја година, над 1000 компании, од сите големини и профили, ги избираат WSET курсевите и квалификациите, за да се осигураат дека нивните вработени ќе го добијат знаењето кое е неопходно за успехот на нивниот бизнис. Знаењето со кое се здобиваат овие вработени, им ја дава потребната самодоверба и стручност за да можат да ги советуваат своите клиенти, да ја градат нивната довербата и да донесат профит на компанијата.

За повеќе информации и примери за тоа како WSET едукацијата може да помогне во развојот на Вашиот бизнис, посетете го линкот на вебсајтот на WSET - "Нашите клиенти и нивните успешни приказни":

Дополнителни информации:

Close Menu
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian