fbpx

Храната го прави виното повкусно. Откријте зошто.

Wine Way соработува со некои од најдобрите ресторани во градот за да, за Вас, креира незаборавни винско-гастрономски настани.

За нашава дегустација, со одлично вино искомбиниравме оброк од три различни јадења (+десерт, се разбира). Сите комбинации се внимателно направени за да го "извлечат" најдоброто од виното. Вашиот домаќин Петар ќе ве води низ оваа гастрономска приказна, и ќе Ве научи како сами да го комбинирате следниот оброк и да импресионирате.

  • Што добивате? Ќе дегустираме 4/6 вина, внимателно комбинирани со избрано јадење. Секој чекор од дегустацијата ќе биде водена од Вашиот домаќин - Петар Величковиќ, сертифициран сомелиер и WSET едукатор.
  • Цена: започнува од 600 мкд (за учесник)+ хранабелешка: Цената е формирана за група од најмалку 12 учесника. Ве молиме, контактирајте не за повеќе информации.)

Пример на винска листа:

  • За добредојде: Prosecco
  • Германски Riesling
  • Француски Pinot Noir
  • Шпански Tempranillo
  • Португалски Touriga Nacional
  • Шпански Monastrell

Правила за резервации:

Резервацијата и уплатата треба да бидат направени истовремено. Додека не се изврши уплата, не можеме да го гарантираме вашето место.

Откажување на резервација:

  • Ако ја откажете резервацијата најдоцна една недела пред дегустацијата, ќе ви биде вратена уплатата, минус 10%.
  • Ако го откажете присуството во текот на неделата пред дегустацијата, уплатата нема да Ви биде рефундирана.
Close Menu
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian