fbpx

WSET Level 1 Award in Wines

Овој курс е одлична појдовна точка во светот на виното за секој вински ентузијаст, но и за секој оној кој започнува кариера во винската или угостителската индустрија.

Датуми

Two Saturdays

Април 11th and 25th
Јуни 13ти и 20ти

Рок на пријавување

• Петок, 10ти април
• Петок, 12ти јуни

За курсот

Овој интерактивен курс е креиран да Ви овозможи да го запознаете виното преку неговиот изглед, мирис и вкус.

До крајот на курсот, ќе знаете како да дегустирате користејќи систематски пристап, да ги препознаете клучните стилови на вино, и карактеристиките на главните вински сорти.

Теми

  • Главни видови и стилови на вино
  • Најзастапени вински сорти и нивни карактеристики
  • Комбинирање на храна и вино
  • Едукативна дегустација на 9 вина
  • Начини на чување и служење на виното
  • Опис на виното со користење на систематски пристап - WSET Level 1 Systematic Approach to Tasting Wine® (SAT)

Дали е потребно предходно знаење?

Часовите се одржуваат на англиски јазик. За успешно следење на курсот, ќе Ви биде потребно добро да го владеете овој јазик.

Колку чини курсот?

11 500 мкд (МК студенти)

13 000 мкд  (ЕУ студенти)

За повеќе информации за начинот на плаќање, Ве молиме, прочитајте ги условите и правилата. Цената ги вклучува трошоците за материјалите за учење, примероците вино за дегустација, цената на испитот и користењето на винската опрема за времетраењето на курсот. Материјалите за учење се добиваат на денот на курсот.

Потребно време за учење / детали за испитот

За успешно да го совладате материјалот, треба е да посветите најмалку 6 часа учење. Учењето се одвива во училница, под водство на Вашиот едукатор.

Испитот се одржува на крајот на курсот. Се состои од 30 прашања со понудени повеќе можни одговори. Времетраењето на испитот е 45 минути. За да положите, потребно е точно да одговорите на 70% од прашањата.

Како да се пријавам?

Побарајте го формуларот за пријавување на нашата контакт е-маил адреса: ana@wineway.org

Внимателно прочитајте ги условите и правилата пред да ја направите својата пријава.

За било какви прашања, обратете се на: ana@wineway.org

* Custom Courses

Wine Way can arrange custom course delivery for businesses who are in an area without access to an Approved Programme Provider or who have specific requirements that cannot be met through the network of course providers. To discuss opportunities for custom or satellite courses please contact us.

Дополнителни информации

Close Menu
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian