fbpx

WSET Level 2 Award in Wines

WSET Level 2 Award in Wines & Spirits е најбараниот и најпосетениот WSET курс. Креиран е за потребите на оние кои работат во винската и/или угостителската индустрија, но благодарение на неговата информативна и интерактивна природа - одличен избор е и за љубителите на вино кои сакаат посериозно да и пристапат на оваа тема.

Датуми 

Опција #1 - Три последователни недели

Фебруари 2ри, 9ти, 16ти
Април 5ти, 12ти, 19ти
Јуни 7ми, 14ти, 21ви

Рок на пријавување

• Сабота, 1ви фебруари 
• Сабота, 4ти април
• Сабота, 6ти јуни

Опција #2 Три последователни денови

Фебруари 11ти, 12ти, 13ти
Април 15ти, 16ти, 17ти
Јуни 17ти, 18ти, 19ти

Рок на пријавување

• Сабота, 1ви фебруари 
• Понеделник, 6ти април
• Понеделник, 8ми јуни

За курсот

Курсот е поветен на запознавање со класичните вински сорти и региони. Ќе научите кои техники се користат при производство на вино, кои се клучните термини што се користат на винските етикети и кои се главните класификации. По завршувањето на курсот, ќе можете со самодоверба да го идентификувате виното, да дискутирате за неговите карактеристики и потекло, па и да направите вински препораки. Овој курс прави и преглед на главните категории на жесток алкохол.

Успешните студенти ќе добијат глобално признат и почитуван WSET сертификат, како и нивно официјално обележје - значка за ревер.

Теми

  • Како се прави вино
  • Кои фактори влијаат на стилот на виното
  • Класични бели и црни вински сорти и нивнте карактеристики
  • Главни вински региони во светот
  • Производство на пенливо, слатко и зајакнато вино
  • Термини кои се користат на винските етикети и нивно значење
  • Едукативна дегустација на 42 вина
  • Опис на виното со користење на систематски пристап - WSET Level 2 Systematic Approach to Tasting Wine® (SAT)
  • Комбинирање на храна и вино

Дали е потребно предходно знаење?

Часовите се одржуваат на англиски јазик. За успешно следење на курсот, ќе Ви биде потребно добро да го владеете овој јазик.

На студентите на кои темата вино им е целосно непозната, им препорачуваме предходно да го завршат курсот Level 1 Award in Wines. Истакнуваме дека ова не е предуслов за да го следите WSET Level 2 Award in Wines & Spirits.

Со цел успешно да го следите курсот, од Вас ќе се очекува да го прочитате учебникот пред почетокот на предавањата. (За да Ви биде доставен материјалот на време, Ви препорачуваме да се пријавите најмалку 21 ден пред почетокот на курсот.)

Колку чини курсот?

31 500 мкд (МК студенти)

33 000 мкд (ЕУ студенти)

За повеќе информации за начинот на плаќање, Ве молиме, прочитајте ги условите и правилата. Цената го вклучува трошокот за материјалите за учење, примероците вино и алкохол кои се дегустираат, цената на курсот и испитот, како и трошоците за достава.

Цената ја вкучува поштарината која се пресметува врз основа на адресата на која се испраќаат материјалите за учење.

Потребно време за учење / детали за испитот

За успешно завршување на курсот, потребно е да одвоите најмалку 28 часа за учење. 16 од тие часа ќе бидат во училница, под водство на вашиот едукатор. Советуваме да посветите најмалку 11 часа на самостојно учење.
Испитот трае 1 час.

Испитот се одржува на крајот на курсот. Се состои од 50 прашања со понудени повеќе можни одговори. Времетраењето на испитот е 60 минути. За да положите, потребно е точно да одговорите на 55% од прашањата.

Како да се пријавам?

Побарајте го формуларот за пријавување на нашата контакт е-маил адреса: ana@wineway.org

Пред да ја поднесете својата пријава, Ве молиме, внимателно прочитајте ги Условите и правилата за WSET курсевите (линкот е во продолжение).

За било какви прашања, обратете се на: ana@wineway.org

* Custom Courses

Wine Way can arrange custom course delivery for businesses who are in an area without access to an Approved Programme Provider or who have specific requirements that cannot be met through the network of course providers. To discuss opportunities for custom or satellite courses please contact us.

Дополнителни информации

Close Menu
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian