fbpx

Услови и правила за WSET курсевите

Услови и правила

  • Формуларот за пријава е достапен на Ваше барање. Ве молиме, контактирајте нé на: ana@wineway.org
  • Формуларот за пријава е валиден само со целосна уплата на курсот. Вашето место е осигурано откако уплатата е примена и нашиот студентски сервис Ви испратил потврда на пријавата.
  • Вашата пријава ќе биде прифатена само ако е направена на формуларот кој ќе Ви го испратиме на Ваше барање. Формуларот мора да биде целосно пополнет и со потпишана декларација.
  • Крајниот рок за пријавување е 21 ден пред почетокот на курсот. Ако уплатата не е примена до овој рок, Вашата пријава ќе биде откажана.
  • Откажување на потврдена пријава може да се направи само со писмено барање (на ana@wineway.org), испратено најдоцна до 21 ден пред почетокот на курсот. Административен трошок во вредност од 30 €, плус трошокот за испратените материјали за учење, ќе биде одбиен од уплатената сума. Остатокот ќе биде вратен на исплаќачот.
  • Ако откажувањето на потврдено учество на курсот се направи во рок пократок од 21 ден пред почетокот на курсот, или откако курсот е веќе започнат - не следува враќање на уплатените средства.
  • Wine Way го задржува правото да презакаже или откаже курс. Пријавените студенти ќе можат да го префрлат своето учество на било кој друг закажан термин за истиот курс - без никаков административен трошок. Во случај на откажување на закажан термин за курс, Wine Way не подлежи на никаква одговорност поради било каков надворешен трошок кој го направил студентот.
  • Потврдено учество на курс не може да се префрли на следната академска година. Префрлање на потврдено учество на друг закажан термин за истиот курс, или пак на друг студент, може да се направи со писмено барање, доставено најмалку 21 ден пред почетокот на курсот, и со уплата за административен трошок од 30 € по студент. Во рок пократок од 21 ден пред стартот на курсот - не може да се изврши префрлање на друг термин, ниту пак следува исплата на уплатените средства.
  • Важно - *сите трансфери зависат од тоа дали има слободни места на алтернативните датуми за курс или испит.
  • Датумите за испит се однесуваат на конкретниот курс за кој сте се пријавиле. Секој трансфер на алтернативен датум ќе се направи со административен трошок од 30 € за студент.

*Сите барања за трансфер или откажување, мора да бидат направени преку емаил на: ana@wineway.org, најмалку 21 ден пред почетокот на оригиналниот курс. 

Испорака на материјалите за учење

Материјалот за учење за Level 1 студентите ќе го добијат на првиот ден од курсот. Овие материјали нема да бидат испратени однапред.

Материјалите за учење за Level 2 ќе бидат испратени на домашната адреса на студентот - откако ќе се направи потврда на уплатата. Ќе биде потребно да се потпишете дека сте го примиле пакетот, затоа, Ве молиме, наведете ја адресата на која ќе можете да ја примите пратката. Од истата причина, на формуларот за пријава, наведете и телефонски број на кој ќе бидете достапни.

Материјалите кои ќе ни бидат вратени бидејќи не можеле да бидат доставени или немало кој да ги прими - ќе резултираат со дополнителен трошок за испорака кој ќе го подмири студентот.

  • Ве советуваме, пријавата и уплатата да ги направите најмалку три недели пред почетокот на курсот, за да можете навреме да го добиете материјалот за учење. Процената на времето кое е потребно да се вложи во совладување на материјалот, може да се најде во спецификацијата за конкретниот курс, како и на нашата страна, во делот посветен на курсевите кои Wine Way ги нуди.
  • For more information and full details on the course requirements, please download the Specification by following the link below:

WSET® Level 1 Award in Wines:

https://www.wsetglobal.com/media/6201/wset_l1wines_specification_en_mar2018.pdf

WSET® Level 2 Award in Wines and Spirits:

https://www.wsetglobal.com/media/4692/wset_l2wines_spirits_specification_en_aug2017.pdf

Важно: Сите пријави се процесираат врз основа на взаемно разбирање дека студентот ги прочитал, разбрал и се согласил со условите и правилата на курсевите.

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: материјали за учење, примероци вино и алкохол кои ќе се дегустираат, користење на винската опрема, испитот, оценувањето и трошоците за испорака. Студентите кои успешно ќе го завршат курсот, ќе добијат и WSET обележје - значка за ревер.

Начини на плаќање

Уплата во Македонија

Вајн Веј ДОО, Скопје

Антон Попов 8, 1000 Скопје

Број на сметка: 210072726260197

НЛБ Банка АД Скопје

International Payment

Вајн Веј ДОО, Скопје

Антон Попов 8, 1000 Скопје

IBAN Code: MK07210701001358102

 

Bank Details:

НЛБ Банка АД Скопје

Mother Teresa 1

Macedonia

SWIFT: TUTNMK22

Close Menu
mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian